Терористичката група Ал-Шабаб презеде одговорност за самоубиствениот бомбашки напад во Сомалија во кој се меѓу убиените се и двајца високо рангирани воени команданти

Најмалку 12 лица се убиени, а голем број се ранети во денешниот попладневен самоубиствен бомбашки напад во сомалискиот град Галкајо, соопшти полицијата, пренесе ДПА.

Меѓу убиените се и двајца високи позиционирани сомалиски воени команданти, кои биле истурени во борбата против терористичката група Ал-Шабаб, изјави за ДПА Абдулахи Ахмед.

-Навистина е многу, многу страшно. Изгубивме двајца од нашите најискусни воени команданти во сомалиската армија, рече тој.

Меѓу жртвите имало и цивили, додаде полицијата, пренесува германската агенција.

Ал Шабаб, преку своето радио Андалус, ја презеде одговорноста за нападот, соопштувајќи  дека во него се убиени 20 лица.

Нападот се случи во близина на стадион каде луѓе се собираа да го пречекаат сомалискиот премиер Мохамед Хусеин Робле, кој во последните четири дена беше на турнеја низ регионот.

Портпаролот на сомалиската Влада, Исмаел Мухтар Омар, изјави за ДПА дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот