Тереза Кесовија
Тереза Кесовија / Фото: Фејсбук/Тереза Кесовија

Тереза Кесовија се збогува со сцената: Последните желби на легендата пред пензија

Легендарната пејачка Тереза Кесовија (87) официјално се повлекува од музичката сцена, иако сè уште сонува да одржи уште три концерти пред да го стави микрофонот на страна. Во интервју за медиумите, Кесовија откри дека здравјето ѝ ја ограничува активноста, но страста за музика и желбата да се збогува со публиката остануваат неизмерни.

„Тоа е моја голема желба, но ќе видиме како ќе биде. Ме боли ‘рбетот, ме боли коленото, сè е поврзано, сè уште можам да пеам. Сакам да се збогувам со песна, иако ќе треба тоа да го издржам физички – можеби со стап или столица на сцената. Така нема да има проблем“, изјави Кесовија.

Легендата замислила нејзините последни концерти да се одржат во Дубровник, Љубљана и Загреб, со цел да им се заблагодари на најверните фанови.

Тереза се потсетила и на еден од најемотивните настапи во кариерата – венчавката на нејзината внука Мила.

„Беше неверојатно. Имаше многу гости, прекрасна церемонија. Мила беше преубава, а Филип, нејзиниот сопруг, ја подигна над глава за време на танцот. Јас само помислив: ‘Немој сега да ја испуштиш’“, раскажува Кесовија.

„Морам да го пофалам Филип, тој е вреден и добар млад човек. Среќна сум за овие двајца млади луѓе“, додаде таа.

„Реков, те молам, Нина, направи нешто“: Тереза Кесовија ​​откри кого смета за одговорен за тешките последни денови на Габи Новак

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот