Фото: Архива на „Слободен печат“

Тепачка во Тетово: Осуммина завршија во полициска станица, еден во болница

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека вчера се приведени осум млади луѓе на возраст од 20 до 25 години поради тепачка, во која еден од нив е повреден со остар предмет. Тепачката се случила околу 23 часот и 40 минути на булеварот „Маршал Тито“, а полицајците веднаш успеале да ги приведат.

-Полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода О.С.(20) и Б.С.(24) од с Палатица, тетовско, А.У.(21), Ј.У.(24) од с.Дебреше гостиварско, А.С.(25) од с.Вруток, гостиварско, и К.О.(23), Д.И.(25) и Д.Е.(21) од с. Селце, затоа што го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која Д.Е. од с.Селце бил повреден со остар предмет. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а бил пронајден остриот предмет и подигнат за понатамошна постапка, информираше денеска СВР Тетово.

Во соопштенито на СВР Тетово има и информација за пријавен друг физички напад. Во 15.30 часот во СВР Тетово, А.Ш.(20) од Тетово пријавил дека околу 15.00 часот пред угостителски објект на улица „Благоја Тоска” во Тетово, по вербална расправија, бил физички нападнат од А.А.(18) од Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот