Тело на мртва жена е најдена во вреќа кај Горно Оризари

Вчера околу 16 часот во скопската полиција се јавил маж кој пријавил дека на патот кон скопското село Горно Оризари, додека работел на нива крај локалниот пат, забележал црна вреќа. Откако ја отворил вреќата забележал дека внатре има човечки труп. За брзо време тој ја алармирал полицијата, која заедно со заменик јавен обвинител започнале истрага. По наредба на обвинителот телото е пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција. Од полицијата кратко известуваат дека станува збор за тело на жена. Од МВР велат во тек е детална истрага за утврдување на идентитетот и причините за смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот