Телефонските разговори на Трамп: Меркел била глупава и под влијание на Русија, а Тереза Меј гуска без став за Брегзит

Претседателот на САД, Доналд Трамп наводно користел многу груби зборови во телефонските разговори и ги навредувал своите колеги од светската политичка сцена, пренесува Си-ен-ен.

Трамп не бирал зборови за време на доверливите телефонски разговори, па така тој ја нарекол германската канцеларка Ангела Меркел „глупава“ и тврдел дека е под влијание на Русија, а за поранешната британска премиерка Тереза ​​Меј рекол дека е „гуска“ без став за Брегзит.

„Некои од работите што ги кажа за Ангела Меркел се едноставно неверојатни: тој ја нарече ‘глупава’ и ја обвини дека е под влијание на Русија. Тој е најсуров во телефонските разговори со оние што ги смета за слаби водачи, а најблаг е за оние кон кои треба да покаже најцврст став“, наведува извор на Си-ен-ен.

Според изворите, понижувачки и навредливи биле и разговорите на Трамп со Тереза ​​Меј, на која американскиот претседател, меѓу другото и велел дека нема цврст став за прашањата за Брегзит, НАТО и имиграцијата.

За време на телефонските разговори, Трамп со потсмев зборувал и за други лидери од западниот свет, како претседателот на Франција, Емануел Макрон, премиерот на Канада, Џастин Трудо и премиерот на Австралија, Скот Морисон.

Од друга страна, влијателните светски лидери како рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган често го фалеле Трамп за време на телефонските разговори, поради што високи американски официјални претставници сметаат дека Трамп ја загрозува националната безбедност на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот