Телата на италијанските нуркачи кои се удавија во пештера се пронајдени на Малдивите
Министерството за надворешни работи на Италија денеска објави дека спасувачите на Малдивите ги пронашле телата на четири од вкупно пет италијански нуркачи за кои се верува дека се длабоко во подводна пештера, пренесе Би-би-си.
Препорачано
Не е јасно дали нуркачите ги виделе телата или ги снимиле со подводни камери од беспилотни летала.
Телото на еден од Италијанците, инструктор за нуркање, беше пронајдено претходно пред пештерата.
Потрагата продолжи денеска откако беше прекината поради смртта на воен нуркач од Малдиви во саботата.
Петтемина Италијанци загинаа во четвртокот, додека истражувале подводна пештера длабока 50 метри на атолот Ваву.
Ограничувањето за нуркачи-аматери на Малдивите е длабочина од 30 метри, додека за длабочини поголеми од 40 метри е потребна специјализирана обука и опрема.
Тројца нуркачи од Финска, експерти за длабинско нуркање и нуркање во пештери, учествувале во акцијата.
Четворица италијански нуркачи беа дел од тимот на Универзитетот во Џенова – професорката Моника Монтефалконе, нејзината ќерка Џорџо Сомакал и истражителите Муриел Оденино и Федерико Гуалтиери. Петтиот, пронајден претходно, беше менаџерот на бродот и инструкторот по нуркање Џанлука Бендети.
Трагедија на Малдивите: Петмина Италијанци загинаа додека нуркаа во пештера
Загина спасувач додека ги бараше телата на петмината Италијанци на Малдиви


