Тејлор Свифт / Фото: JULIEN DE ROSA / AFP / Profimedia

Тејлор Свифт со осум номинации и оваа година ја надмина конкуренцијата на Американските музички награди

Тејлор Свифт повторно доминира на годинашното доделување на Американските музички награди со дури осум номинации, меѓу кои се и оние за изведувач на годината, песна на годината за „The Fate of Ophelia“ и албум на годината за „The Life of a Showgirl“, соопштија во вторник организаторите, пренесува „Ролинг стоун“.

Суперѕвездата Тејлор Свифт, која има освоено повеќе награди од оваа манифестација од кој било друг изведувач во нејзината историја, минатата година имаше шест номинации.

Нејзината турнеја „Eras Tour“, која траеше од 17 март 2023 до 8 декември 2024 година, односно вкупно 632 дена, стана најуспешната концертна турнеја на сите времиња.

Притоа, од продажба на билети пејачката оствари повеќе од две милијарди долари приход. Нејзината одлука повторно да ги сними своите рани албуми во голема мера се поврзува со тоа што ги поттикна и другите уметници да се борат за поголема контрола и права врз сопственото творештво.

Веднаш зад Свифт се Сабрина Карпентер, Оливија Дин, Сомбр и Морган Волен, кои имаат по седум номинации. Карпентер е исто така во трката за изведувач на годината, додека Дин и Сомбр ги добија своите први номинации за овие награди, меѓу кои и за нов изведувач на годината.

Свеченото доделување ќе го води глумицата и пејачка Квин Латифа во Лас Вегас на 25 мај, а настанот ќе се емитува во живо на телевизија и преку стриминг-платформи.

Номинациите ги утврдија организаторите врз основа на успехот на музичките топ-листи, бројот на слушања преку интернет, приходите од продажба на албуми, присуството на радио и ангажманот на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот