Тејлор: Откако Трамп е претседател САД се помалку безбедни (ВИДЕО)

Тејлор беше прв човек на Федералната служба за национална безбедност од 2017 до 2019 година.

Поранешниот висок функционер на американската администрација, Мајлс Тејлор, изјави дека САД се „помалку безбедни” под раководство на претседателот Доналд Трамп и најави дека на претседателските избори во ноември ќе го поддржи кандидатот на Демократската партија Џо Бајден.

Тејлор беше прв човек на Федералната служба за национална безбедност од 2017 до 2019 година.

Британските медиуми пренесуваат дека тој тврди дека од прва рака можел да ги види „ужасните резултати” на, како што ги нарече „лични недостатоци” на претседателот Доналд Трамп.

„Можев лично да посведочам дека активностите на претседателот Трамп директно резултираа со тоа нашата земја денеска да е помалку безбедна”, напиша Тејлор за „Вашингтон пост”.

„Денес нашата земја има помалку пријатели и помоќни непријатели отколку пред Трамп да дојде во Белата куќа”, заклучи Тејлор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот