Технолошко-индустриските зони: Ќе има 2.700 вработувања со просечна плата од 843 евра

Јован Деспотовски
Јован Деспотовски/ Фото: МИА

Согласно завршени договори за влез на нови компании во индустрсико-технолошките зони, како и согласно  преговори кои се во завршна фаза, во технолошко-индустриските развојни зони, годинава ќе има 2.700 нови вработувања, а нивната просечна плата ќе биде 843 евра, најави Јован Деспотовски, директор на Дирекција за технолошко-индустриски развојни зони.

– Сегашна просечна нето-плата во зоните е 480 евра. Новите вработувања ќе го зголемат просекот на платите во зоните – рече Деспотовски на прес конференцијата која е во тек.

Деспотовски рече дека е во тек и проект кој ќе поттикне привлекување на добро –платени работни места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот