ТД Фине на Цаноски: Случајот ТНТ е правно завршен, Апелација сака да ги спаси осудените да не ни платат оштета

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Компанијата Фине на бизнисменот и политичар Фијат Цаноски предупредува на нов судски преседан на Апелациониот суд, во кој е потенцира дека директно е вклучен судијата известител и претседател на советот за предметот „ТНТ“, Ѓоко Ристов.

-Судскиот процес „ТНТ“ на 20 мај 2022 година заврши со кривична пресуда во која беа осудени неколкумина, помеѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски. На 8-ми мај 2023 година е одржана јавна седница на Апелациониот суд за овој предмет. Иако рокот за да се донесе Одлука после одржаната Јавна седница е 60 денови согласно ЗКП, судијата известител и претседател Ѓоко Ристов и со надминати рокови свесно се уште не го става предметот на гласање, иако пресудата мора да го носи датумот на одржаната јавна седница 8-ми мај 2023 година, тврдат од компанијата.

Според нив на веб страницата на Апелациониот суд незаконски е закажана нова јавна седница во понеделник на 6 ноември 2023 година, со почеток во 9:30 минути.

-Со новата седница се прави обид да се оживее предметот иако правно завршен, притоа, ако истата се оддржи, ни дава за право да веруваме дека се врши ПРЕСЕДАН со прекршување на законот од страна на известителот и претседател на совет за предметот ТНТ, сè со една единствена цел, а тоа е да се констатира застарување на овој предмет. Судијата известител и претседател на совет со ваквите дејствија оди во насока на спасување на осудените лица но на огромна материјална штета на ТД ФИНЕ, укажуваат од компанијата која за своите тврдења дека се крши законот и се спречува правдата, поседува и соодветна документација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот