Тажна вест: Почина големиот Мирко Новосел

Screenshot/YouTube

Еден од најтрофејните европски кошаркарски тренери, Мирко Новосел, почина на 85-годишна возраст.

Новосел ќе остане запаметен како творец на славната генерација на Цибона во 1980-тите, а беше примен и во Куќата на славните. Како играч цели 14 години го носеше дресот на Локомотива Загреб, а веднаш потоа ја започна успешната тренерска кариера.

Со Цибона трипати ја освојуваше шампионската титула на Југославија, а двапати Купот на европските шампиони. Сите успеси беа остварени откако ги доведе Крешмир Ќосиќ и Дражен Петровиќ.

Репрезентацијата на Југославија ја предводеше до сребро на Олимписките игри во 1976 година во Монтреал и бронза на ОИ 1984 година. На репрезентативно ниво стана и двократен европски шампион и светски вицешампионо. Успешно ја водеше и Хрватска со која го освои третото место на Европското првенство во 1993 година.

Сосема заслужено во 2007 година беше примен во Куќата на славните во Спрингфилд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот