Таткото на британскиот премиер е сексуален предатор – се појавија валканите тајни на таткото на Борис Џонсон

стенли борис џонсон
Стенли и Борис Џонсон / Колаж: СП. / Фото: ЕПА / Профимедиа

Конзервативната пратеничка и поранешна министерка Каролин Нокс, заедно со новинарката Афи Реј, го обвинија осумдесет и едно годишниот Стенли Џонсон , таткото на британскиот премиер, дека ги удирал по задникот.

Поранешната министерка изјавила дека Стенли ја удрил по задникот пред 18 години во Бекупл на конференција на партијата на Ториевците и дека и рекол дека има „убаво месо“, пишува Дејли Мејл.

стенли џонсон
Стенли Џонсон / Фото: Профимедиа

„Се сеќавам на еден човек, тој беше кандидат на конзервативците во Девон, ме удри силно по задникот“, изјави Нокс откривајќи дека тој човек бил таткото на Џонсон.

„Мислам дека моја должност е конечно да откријам за кого станува збор, бидејќи ако сега немам сила да го кажам гласно, утре мојата ќерка може да го настрада на ист начин и да мора да молчи“, додаде таа.

Бранејќи се од овие обвинувања, таткото на премиерот изјавил дека воопшто не се сеќава на Каролин, но дека и посакува таа да биде среќна во животот.

стенли џонсон
Стенли Џонсон / Фото: Профимедиа

Во меѓувреме се огласи друга жена која тврдеше дека ја доживеала истата ситуација – новинарката на „Њу Стејсмен“ Афи Реј.

„Стенли Џонсон ме „допре“ и на забавата по конференцијата на конзервативците во 2019 година“, откри таа.

Реј додаде дека и е благодарна на Каролин што решила да зборува за ова сексуално вознемирување

„Таа беше првата што зборуваше за нешто што никој од нас не треба да го трпи, од ниту еден маж, не само од таткото на премиерот“, рече таа.

За овие наводи зборуваше и министерот за внатрешни работи Демиен Хиндс, кој рече дека ќе се спроведе истрага.

Фактот дека Стенли на овој начин се однесувал кон други жени, не изненадил никого кој бил запознаен со неговиот живот.

Имено, минатата година во биографијата на премиерот Џонсон беа дадени детали за неговиот приватен живот, меѓу кои и фактот дека татко му пред педесет години и удрил толку шлаканица на мајка си што и го скршил носот, поради што била хоспитализирана.

Потоа со години се „правдаше“ од ова, велејќи дека тоа го направил само еднаш и дека неговата сопруга тогаш имала опсесивно-компулсивно нарушување.

Стенли има четири деца од тој брак. Се развел во 1979 година, а набргу потоа, во 1981 година, Стенли се оженил со Џенифер Кид со која имал уште две деца.

Тој ја загуби можноста да биде пратеник во 2005 година, но беше конзервативен пратеник во Европскиот парламент во периодот од 1979 до 1984 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот