ВИДЕО | Таткото на Фросина: Судии и обвинители направија бакалски друштва за наддавање, кој ќе плати повеќе мито тој добива!
„Судии, обвинители, проценители и извршители направија бакалски дуќани, друштва за надавање како аукциски куќи кој ќе плати повеќе мито тој добива“, рече Тодор Кулаков, татко на Фросина, пред илјадниците граѓани кои излегоа на протестен марш.
Препорачано
„Ова што ни се случува најблизу може да се објасни како непомирлив судир на два различни вредносни и цивилизациски концепти. Се работи за систем и антисистем. Од една страна системот ни создава универзални вредности, правила базирани на длабока профа каде што децата се учат во домовите, во школите, црквите и затоа некои од нив благодарение на таквиот хуманистички пристап стануваат херои на нашето време. Дозволете ми Фросина да ја сместам во тие херои. Другите, оние кои се задоени со чемерот на антисистемот, претварајќи се во наркодилери, насилници, убијци…заедно со тешко поплатени судии и обвинители, коишто судии, обвинители, проценители и извршители направија бакалски дуќани, друштва за надавање како аукциски куќи кој ќе плати повеќе мито тој добива“, изјави таткото на Фросина.
Протестот започна во 17 часот кај Универзална сала по што продолжи кон Собрание и Кривичниот суд каде се одржа триминутен молк.
Таткото на монструмот не ни изрази ниту сочувство, вели Тодор Кулаков


