Фото: илустрација / Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Татко и тројца синови нападнале двајца браќа во Скопско, извадиле и ножеви

Вчера во скопското цело Лака се случил групен насилен инцидент, кога татко и тројца браќа од селото Крушопек со ножеви нападнале двајца браќа, нивни соселани, соопшти МВР. Насилниците синоќа се уапсени.

„На 13.01.2026 во 21:00 часот во с.Крушопек, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.Д.(30), А.Д.(36), Б.Д.(65) и Н.Д.(42), сите од с.Крушопек, постапувајќи по претходна пријава дека во двор од магацин во с.Лака, скопско, физички ги нападнале М.Н.(50) од с.Крушопек, неговиот брат и неговиот син, при што употребиле и остри предмети. Според пријавеното, М.Н., неговиот брат и неговиот син возвратиле на нападот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

84-годишен изнудувач ѝ се заканил на роднина, ѝ зел 5.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот