Татко и е сопственик на НФЛ тим и ќе наследи 3.6 милијарди долари, а таа е најголемо изненадување на Австралија Опен
Најпријатно изненадување во машка конкуренција на Австралија Опен е Аслан Карацев додека таа титула кај дамите и припаѓа на Американската Џедика Пегула која ќе игра во четвртифиналето.
Пегула на Австралија Опен ги победи поранешните грен слем шампионки Викторија Азаренка и Саманта Стосур како и Кристина Младеновиќ и Елена Свитолина и за пласманот во четвртфиналето, 61. тенисерка на ВТА ранг листата досега заработи 350.000 околу евра.
Иако во време на пандемија на коронавирус и економска криза, оваа сума изгледа голема, но за Пегула претставува џепарлак бидејќи таа е ќерка на милијардерот Тери Пегула кој „тежи“ 3.6 милијарди долари.
Нејзиниот татко Тери кој богатството го зараобти со дистрибуција на природен гас, од 2014 година е сопственик на НФЛ тимот Бафало билс кој го купи така што ги победи сега веќе поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп и познатиот пејач Џон Бон Џови. Тери Пегула исто така е сопственик и на хокеарскиот тим Бафали сејбрс.
Но, засега Џесика не ја интересира бизнисот на нејзиниот татко, таа е фокусирана на својата тениска кариера.
– Тенисот е мојата работа и мојата кариера. Тоа е нешто што е одвоено од моите родители кои немаат право да се мешаат и да ми кажуваат што смеам, а што не смеам да правам на теренот – изјави Џесика неодамна.