Фото: Sutjeska Elektroprivreda/Andrija Radulovic

Ташовски во последните секунди му донесе триумф на ТФТ против МЗТ Скопје Аеродром

Играчот на ТФТ, репрезентативниот бек Виктор Ташовски беше херојот на својот тим кој пред последниот звук на сирената погоди за три поени, за голема победа над шампионот МЗТ Скопје (93:91) во МТЕЛ Супер лигата.

Гостите од Аеродром имаа подобар почеток на дерби дуелот одигран во Маџари. Во првите 10 минути „сино-белите“ се стекнаа со солидна предност (26:20). Но, во наредната четвртина се случи и првиот пресврт, ТФТ пронајде начин да се врати резултатски, а на полувремето дури и да премине во водство (43:41).

По одморот минути, односно четвртина за актуелниот бранител на шампионскиот пехар. Аеродромци одиграа фуриозна трета четвртина во која постигнаа дури 34 поени, а на почетокот од последниот период имаа и највисоки 16 поени позитива (77:61). Но, потоа следуваше неверојатен пад во играта на гостинската екипа. ТФТ влезе во својот добро препознатлив ритам и почна да ја топи негативата. Имаа домаќините водство од 86:82 во финишот, кое МЗТ го стигна.

Во драматичната завршница, при резултат 89:87, младиот Иванов испушти шанса да му донесе недостижни „плус четири“ на ТФТ. Не го погоди второто слободно фрлање. Казната дојде веднаш, ја реализираше Петков, кој погоди тројка за егал резултат (90:90). Но, во преостанатите осум секунди, Ташовски ја зема топката во свои раце. Го претрча скоро целиот терен, и од далеку од идеална позиција, погоди тројка, вредна триумф, кој многу извесно ќе го остави ТФТ на првото место до крајот на ТОП 6 сегментот, кое им ги зголемува шансите да се борат и за шампионскиот трофеј.

А токму Ташовски со 27 поени (плус три скока и три асистенции), беше најдобриот поединец на дерби-дуелот. Во редовите на МЗТ, кој на три кола пред крајот на оваа фаза заостанува два чекори зад лидерот, Војдан Стојановски и Смит Мексвејн постигнаа по 18 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот