Тамара, Тијана, Калиопи: Македонските пејачки со поддршка за Северина откако го изгуби старателството над синот

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Врховниот суд во Хрватска му го врати старателството на српскиот бизнисмен Милан Поповиќ над синот Александар, што значи дека целосно ѝ е одземено старателството на хрватската пејачка Северина Вучковиќ.

Откако одекна веста, бројни колешки на Северина од целиот регион се огласија на социјалните мрежи и ја поддржаа пејачката, меѓу кои и Ана Бекута, Сека Алексиќ, српската актерка Анѓелка Прпиќ, но и хрватските пејачки Нина Бадриќ и Маја Шупут.

Во коментарите под срцепарателната објава на Северина на нејзиниот инстаграм-профил, силна поддршка доби и од некои македонски пејачки.

Имено, меѓу многубројните коментари се најдоа и оние на Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ и Калиопи.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Поддршка“, кратко напиша Тамара.

„Севе моја… Нема суд што може да застане меѓу мајка и дете. Тоа детето го ЗНАЕ. Значи, главата горе!“, напиша Калиопи.

„Севе моја…Те гушкам најсилно!“, напиша Тијана.

Да потсетиме, Северина Вучковиќ ја загуби правната битка за старателството над синот Александар, а Врховниот суд донесе одлука старателството над нивниот малолетен син целосно да му се врати на таткото на детето, Милан Поповиќ.

Во оваа прилика се огласи и Северина.

„Еве, сега и врховните судии ја дадоа својата пресуда. Кренаа рака во името на моето дете кое никогаш не го виделе, со кое никогаш не разговарале, кое има свој живот, свои мисли и кое десет години ја трпи тортурата на системот, а и јас заедно со него. Сега не сакам да барам неправилности во одлуките на Врховниот суд, не сакам повеќе да барам никакви неправилности, особено оние што беа донесени спротивно на правната практика на Уставниот суд, како што вели мојата адвокатка“, пренесува хрватски „Јутарњи“.

Судот во целост ѝ го одзема старателството на Северина: Ќе се борам до последната капка крв за моето дете

„Откако се роди, бевме само ние двајца“: Срцепарателна објава на Северина откако судот ѝ го одзема синот

„Откако се роди, бевме само ние двајца“: Срцепарателна објава на Северина откако судот ѝ го одзема синот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот