Талибанците срушиле споменик на авганистанскиот лидер од граѓанската војна

Талибанци / Фото: AFP / AFP / Profimedia

Талибанците денеска срушиле споменик од шиитскиот лидер кој се борел против нив за време на авганистанската граѓанска војна во 90-тите години, пренесува АП.

Споменикот бил од Абдул Али Мазари, поранешен лидер на авганистанската војска. Тој бил убиен од страна на талибанците во 1996-та година, кога исламските милитанти ја презеле моќта од ривалските воени команданти. Мазари е доста популарен кај етничкото малцинство Хазара во Авганистан, шиити кои биле прогонувани од претходната власт на сунитските талибанци.

Споменикот бил во провинцијата Бамјан, каде талибанците во минатото срушиле два големи споменика од Буда стари 1,500 години.

Талибанците и понатаму ја воспоставуваат својата контрола во Авганистан, а вакви настани ќе бидат сè почести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот