Талибанците соопштија дека ја презеле провинцијата Паншир

Долината Паншир во Авганистан/ Фото EPA/S. SABAWOON

Портпаролот на талибанците Забиула Муџахид изјави дека авганистанската провинција Паншир е целосно под контрола на талибанците.

„Последното упориште на непријателските платеници, провинцијата Паншир, е целосно преземена … Неодамнешните напори да се обезбеди целосна безбедност во земјата дадоа резултати и провинцијата Паншир се најде под целосна контрола на Исламскиот емират (политичкиот систем на талибанците)”, се наведува во изјавата на Муџахид објавена на Твитер.

Тој додаде дека некои од бунтовниците биле поразени во битка, а други избегале.

Талибанците им соопштија на луѓето во Паншир дека нема да се преземат никакви дејствија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот