Талибанците им наредија на водителките да ги покријат лицата при известување
Талибанците им наредиле на новинарките во сите авганистански медиуми да ги покриваат лицата кога се појавуваат на телевизија, објавија локалните медиуми. Големата авганистанска медиумска куќа Толо њуз ја објави веста на својот официјален Твитер профил.
Препорачано
Веста за ДПА ја потврдија неколку новинари и продуценти од Кабул. Талибанците ги информираа сите телевизиски станици дека новата наредба е конечна и „не е за дискусија“, објавија медиумите.
„Тие мора да бидат покриени за да им се видат само очите“
Еден од тамошните ТВ продуценти рече дека според новата наредба, лицата на водителките мора да бидат покриени „за да им се гледаат само очите“.
Талибанците сè уште не издале јавно соопштение за наредбата, која следеше набргу откако тие воведоа правило дека жените мора да го покриваат лицето на јавно место.
Откако се вратија на власт, талибанците систематски ги кршат човековите права во земјата и воведоа сериозни ограничувања за медиумите. Имаше неколку случаи на тепање и притворање на новинари поради извршување на нивната работа, а на девојчињата и жените им беа одземени голем број права, вклучително и правото на образование, работа и движење.


