Тајната врска на Џон Ленон: Јоко Оно нѐ намести, плачев кога првпат водевме љубов

Фото: Profimedia

Како некоја што била фан на „Битлси“ уште од детството, Меј Панг, њујорчанка со кинески корени, го живеела најубавиот сон во 1973 година. Тогаш таа имала 22 години, а две години претходно почна да работи како лична секретарка за Џон Ленон и Јоко Оно. Кога бракот на Џон и Јоко почнал да се распаѓа, таа му станала девојка на познатиот музичар.

Нивната врска, која траела 18 месеци, е тема на документарниот филм „Изгубениот викенд: љубовна приказна“ („The Lost Weekend: Love Story“), кој беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2022 година, а сега конечно може да се погледне на филмската платформа Прајм. Ленон нивната врска ја нарече „изгубен викенд“, мислејќи на филмот на Били Вајлдер од 1945 година, па оттука и насловот на документарецот.

Оттогаш поминаа 50 години, а на Меј ѝ требаше толку време да ја раскаже целосната приказна за нејзината незаборавна љубов што ја овозможила, или подобро кажано, аранжирала Јоко Оно.

Додека биле заедно, Меј му помогнала на Ленон да воспостави врска со неговиот отуѓен син Џулијан и била сведок на еден од најпродуктивните периоди во кариерата на музичарот по распадот на „Битлси“, кога ги објави албумите „Mind Games“ и „Walls and Bridges“, и соработуваше со Дејвид Боуви и Елтон Џон.

Почетоците на врската биле далеку од обични. Ленон, десет години постар од Панг, во тоа време беше во брак со Јоко Оно четири години. Нивниот брак бил во крива поради неговите афери. Оно сакала да се разделат, но не зборувале за развод.

Панг доживеала многу бизарни ситуации додека работела за еден од најпознатите музичари во светот и неговата сопруга. Како, на пример, кога Јоко Оно ѝ покажала скици од фустан што ќе ги открие нејзините гради и вагина, не ѝ кажала на запрепастената Панг дека очекува таа да го носи за снимањето. За среќа, идејата никогаш не се остварила. Но, од друга страна, таа учествуваше и во многу историски моменти, како што е изборот на облеката за легендарниот спот за песната „Imagine“.

„Таа еден ден дојде во мојата канцеларија и рече дека, со оглед на тоа што немам момче, јас сум совршената жена за Џон. Никогаш немаше флерт помеѓу мене и него и бев запрепастена. Таа рече: ‘Ќе бидеш добра со него. Не сакаш да биде со некоја што не е добра, нели?’. Кога таа замина, плачев затоа што не разбирав што се случува. Го почитував нивниот брак. Реков дека тоа не е она што го сакам. Бев среќна како нивна вработена.“

џон ленон јоко оно
Џон Ленон и Јоко Оно / Фото: Скриншот/Јутјуб

Во интервјуто кое неодамна го даде за „Дејли мејл“, таа објасни дека, од денешна перспектива, оваа приказна звучи како морничава сексуална манипулација на млад вработен. Но, тоа биле различни времиња и Оно го добила она што го сакала.

Почетокот на таа „средена врска“ не бил идиличен. Била бескрајно напната, а признала и дека плачела откако за првпат воделе љубов.

„Не знаев каде ќе нѐ однесе. Се прашував што ќе се случи. Ми рече: ‘Не знам каде ќе нѐ однесе, но да одиме да видиме’“.

Во филмот, Панг изјавила дека Ленон набрзо ја освоил и дека љубовта им процветала. Тоа било вистинска врска – тие живееле заедно во Њујорк, патувале и се дружеле со музичари како Ринго Стар и Мик Џегер .

„Беше исклучително интересен човек. Тој навистина сакаше сè, сакаше да го истражува светот околу него. Сакаше да станува, да пие кафе, да јаде палачинки со боровинки, сакаше да плива… Беше одличен човек“, раскажа таа и додаде дека двајцата се врзале поради музиката „која му била најголема љубов“.

Меј Панг / Фото: Courtesy Everett Collection / Everett / Profimedia

Панг имала можност да седи на концертите на Ленон со поранешните колеги од „Битлси“, Пол Макартни и Џорџ Харисон .

„Џорџ еднаш ми кажа колку е среќен што сум со Џон. Тоа беше убаво од него“, се присети таа.

Сепак, Јоко Оно не исчезнала од нивните животи. Како сенка се наѕирала над нивното секојдневие и му се јавувала по 15 пати на ден. Во 1974 година, Ленон се согласила да го потпише нејзинот барае за развод, со што и официјално ќе бил прекинат нивниот брак, но тоа никогаш не се случило. До крајот на 1975 година, тие повторно биле заедно.

Панг открила за „Пипл“ дека отсекогаш верувала дека ентузијастичката согласност на Ленон за развод ја изненадила Јоко. Ова ја натерало да го заврши неговиот „изгубен викенд“ и да го освои назад. Ленон се обидувал да се откаже од пушењето и Јоко му рекла дека познава хипнотерапевт кој ќе му помогне. Панг знаела дека нејзината приказна со Ленон завршила кога тој отишол на хипноза со Оно.

„Само знаете. Не беше истиот кога повторно го видов“, изјави таа.

Постерот за документарецот / Фото: Courtesy Everett Collection / Everett / Profimedia

Крајот на врската ѝ бил исклучително тежок, особено затоа што немала вистинско чувство дека дефинитивно е готово. Во следните пет години, до неговата трагична смрт во 1980 година, таа и Ленон поминувале многу време заедно како љубовници.

„Тајно ме посети. Ми рече: „Знаеш, сè уште те сакам“. Ми доверуваше многу интимни работи и чувствував дека сè уште има нешто меѓу нас. Тоа му пречеше. Тоа беше незавршена приказна“, рече таа во интервјуто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот