Тајната на совршено крцкави компири: Трикот лежи во една состојка

Фото: sousvideguy / Flickr

Секој што сака да готви, без разлика дали е аматер или професионалец како славниот британски готвач Џејми Оливер, има своја тајна за совршено печени компири. Некои ја чуваат и не ја откриваат никому таа тајна, додека други ја споделуваат и на социјалните мрежи. Така е случајот со овој трик, кој секогаш овозможува да добиете совршено печени компири со крцкава кора.

И покрај сите варијации за должината на готвење, кога е најдобриот момент за посолување и дебатата дали компирот треба да се лупи или не, за најкрцкавиот компир што некогаш сте го пробале, потребна е само сода-бикарбона.

Пред да ги ставите да се печат компирите, прво треба да ги измиете и излупите, а потоа да ги исечете на парчиња со големина по ваш избор, по можност сите парчиња да се исти. Пред да ги ставите да се варат, водата треба да зоврие, а потоа да додадете сол. Во тој момент треба да додадете и лажица сода-бикарбона, која е заслужна за крцкавата коричка на компирите.

Потоа, продолжете со готвењето на вообичаен начин. Односно, компирите варете ги 20-25 минути, да омекнат. Садот за печење загрејте го во рерна на 180 степени. Компирите исушете ги, зачинете ги со сол, со рузмарин и со малку масло. Промешајте ги и ставете ги во садот за печење во кој сте ставиле малку масло, а потоа ставете ги да се печат во претходно загреана рерна, 35-40 минути.

Во текот на печењето повремено мешајте ги, за да овозможите содата да дејствува на површината од компирите. Овој едноставен трик ќе ве воодушеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот