Тајната лежи тука – еве зошто Јапонија е земја на стогодишни луѓе  

Фото: Flickr

Жителите на земјата на изгрејсонцето имаат најдолг животен век во светот. Жените живеат во просек 81 година, а мажите 78 години. Јапонците не се дебелеат лесно. Јапонија има најмал процент на срцеви удари, мозочни удари и малигни болести, најмал смртност од коронавирусот…

Не се пресудни само гените, бидејќи кога се преселуваат на запад, почесто се разболуваат, исто како и западњаците. Тајната за добро здравје и долг живот е во исхраната.

Исхраната на жителите на Јапонија е избалансирана, хранлива и нискокалорична, базирана на риба и морски плодови. Рибата е богата со јод и омега-3 масни киселини.

Јодот е суштински минерал за одржување на добро здравје. Како основен елемент на хормоните на тироидната жлезда, тој влијае на повеќето метаболички процеси во организмот и е неопходен за нормален раст и развој на сите клетки и ткива.

Д-р Дејвид Дери рекол дека јодот е најдобар антибиотик и антивирусно средство. Во контекст на фактот дека повеќето болести или започнуваат или продолжуваат со воспаленијата предизвикани од бактерии и вируси, тогаш ова е важна информација. Имено, на секои 17 минути крвта повторно циркулира низ ткивото на тироидната жлезда, во кое, доколку постои доволно количество јод, бактериите и вирусите ќе бидат уништени.

Човечкото тело не може да складира јод, па затоа е неопходно секојдневно да се внесува.

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува возрасен човек да консумира околу 150 микрограми јод за да ги задоволи дневните потреби за јод, но превентивното дејство се постигнува само со консумирање поголеми количини. Не постои опасност од внесување премногу јод, бидејќи не треба да заборавиме дека луѓето во Јапонија консумираат 12 милиграми јод дневно, што е десет пати повеќе од препораките на СЗО.

Најдобри извори на јод се алгите и морската риба. Да го следиме примерот на Јапонците! Да го зголемиме внесот на јод преку храна и вода!

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот