Тајланд ја продолжува вонредната состојба до крајот на август

Тајланд ќе ја продолжи вонредната состојба до крајот на август, со цел да се спречи натамошно ширење на коронавирусот, изјави денеска Сомсак Рунгзита, генерален секретар на Советот за национална безбедност.

Како што пренесуваат странските агенции, оваа изјава на тајландски претставник е дадена по цели два месеца без нови потврдени случаи на локално пренесување на вирусот, поради што  жителите на Тајланд реагираат дали е навистина уште неопходно да има вонредна состојба во земјата.

Генералниот секретар на Советот за национална безбедност посочи дека указот за продолжување на вонредната состојба е неопходен затоа што лекарите тоа го бараат од државата, но и затоа што Тајланд се повеќе се отвора за повторно придвижување на меѓународната деловна соработка и туризмот со цел зајакнување на националната економија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот