Тајчи: Бев силувана и сметав дека тоа е по моја вина!

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Познатата Татјана Матејаш, попозната како Тајчи, еднаш рече дека била жртва на сексуално злоставување.

„Јас бев жртва во тинејџерските години, тоа беше пред да станам славна, ме силуваа и верував дека тоа е по моја вина. Затоа никому не кажав“.

youtube/printscreen
Instagram

„Мораме да создадеме средина во која жена или маж нема да поверуваат дека тие се виновни кога ќе им се случи вакво нешто“, изјави еднаш пејачката во хрватското шоу „Dana De“.

Како што истакна, за да може денес мирно да зборуваме за тоа, требаше многу години труд и работа на себе.

„Години на психотерапија, ми требаше долго време да го погодам чкрапалото за тоа да се отвори и да можам ги залечам раните“, рече таа.

Instagram
Instagram

„Како мајка на три сина и креативен претприемач, секој ден се справувам со голем стрес. Во текот на мојот живот, се носев со некои навистина големи работи: ги изгубив сопругот и татко ми од рак, се борев со депресија и анксиозност со години, како тинејџер поминав низ трауматско искуство на сексуално злоставување и се борев да се сакам повторно и да си ја вратам самодовербата“, рече Тајчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот