Тахири: Тачи и Рама прават историска грешка

Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Тие направија историска грешка, и Тачи и Рама, рече Тахири гостувајќи во емисија „А шоу” на телевизијата Т7, зборувајќи за дискусиите на двајцата албански лидери со српскиот претседател Александар Вучиќ за размената на територии меѓу Косово и Србија.

Поранешната вицепремиерка на Косово и поранешна шефица на преговарачкиот тим на Приштина во дијалогот со Белград, Едита Тахири, ги обвини косовскиот претседател Хашим Тачи и албанскиот премиер Еди Рама дека го отвориле прашањето за промена на границите на Косово.

– Тие направија историска грешка, и Тачи и Рама, рече Тахири гостувајќи во емисија „А шоу” на телевизијата Т7, зборувајќи за дискусиите на двајцата албански лидери со српскиот претседател Александар Вучиќ за размената на територии меѓу Косово и Србија.

– Јас не дозволив Србија да отвори тема за територии. Го интегрирав северот. Паралелните структури беа згаснати. Ние поставивме граници со Србија. Го исфрливме од умот на Србија дека може да ја земе Трепча, додаде Тахири.

Таа и претходно категорично се изјасни дека е против менување на границите. При гостување во емисија на тиранската телевизија „Ора њуз”, Тахири оцени дека прашањето за менување на границите претставува опасност не само за дестабилизација на Косово туку и на регионот и му порача на косовскиот претседател Тачи дека треба да се однесува според неговите уставни надлежности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот