Тачи на гробот на Џафери: Лидер на Албанците кој спречи големо крвопролевање во Македонија

Фото: Слоободен печат

Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска со партиска делегација го посети гробот на првиот претседател на ДПА Арбен Џафери на градските муслимански гробишта во Тетово.

Тој кажа дека Џафери ги поставил темелите и политичките контури на демократското дејствувањето на Албанците.

„Денеска е голем ден, 75 години од раѓањето на Арбен Џафери, интелектуалец, политичар кој даде голем придонес за Албанците, поготово за Албанците во Македонија. Од неговото доаѓање од 1993 година се поставени филозофските и политичките контури на дејствувањето на Албанците, односно демократското дејствување и патот кон Европа и кон НАТО. Животот се мери со успеси, но политиката со уште нешто друго, колку како лидер сте допринеле да не доаѓа до големи крвопролевање помеѓу луѓето и народите, мислам дека Џафери дал голем придонес за тоа“, рече Мендух Тачи.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи не сакаш да дава политички изјави, оти како што рече, не е ниту место ниту време да се коментира било што, кога се посетува гробот на Арбен Џафери.

Вчера на по две години затвор, судот ги осуди обвинетите во случајот „Титаник 2“ на повторено судење што се значително поблаги казни од претходно определените кои ги укина Апелацискиот суд.Лидерот на ДПА Мендух Тачи и останатите обвинети кои беа членови на Државната изборна комисија за локалните избори во 2013 година, беа прогласени за виновни за кривичното дело „повреда на избирачкото право“.

Мијалков, Тачи и останатите добија по две години затвор за „Титаник 2“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот