Табаковиќ: Србија има злато повеќе од сите земји заедно од поранешна Југославија
Србија има 52,3 тони злато во вредност од речиси шест милијарди евра, што е повеќе од сите земји од поранешна Југославија заедно, изјави гувернерката на Народната банка на Србија (НБС) Јоргованка Табаковиќ во Базел.
Препорачано
На Извршниот форум за управување со златни резерви во Базел, таа рече дека златните резерви претставуваат повеќе од една петтина од вкупните девизни резерви на Србија.
„Србија има повеќе злато од повеќето земји од Централна Европа. Има повеќе злато по глава на жител од која било земја во Западен Балкан“, изјави таа.
Таа истакна дека толку голема количина злато во Србија е стекната врз основа на долгорочна визија, на паметна комбинација од домашни и меѓународни купувања, како и на прецизното време на влегување во глобалните текови. Табаковиќ рече дека златото ја зголемило својата вредност и неговата цена постојано ги кршела историските рекорди, додавајќи дека по неколку децении златото повторно станало не само симбол, туку и инструмент на монетарен суверенитет, отпорност и доверба- објави Кликс.ба.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


