ТАА Е ВИСТИНСКАТА СНЕЖАНА: Се верува дека браќата Грим биле инспирирани од жена по име Марија
Приказната за Снежана е една од најпознатите дела на браќата Грим, а ретко кој знае дека се верува дека е инспирирана од судбината на девојка по име Марија Софија.
Препорачано
Таа била сестра на моќниот надбискуп Мајнц. Живеела во јужна Германија и се занимавала со хуманитарна работа. Кога имала 17 години, нејзината мајка починала, а татко ѝ се оженил со Клаудија Елизабет вон Венинген или позната како грофицата Рајхенштајн. Тој мислел дека на неговите седум деца им треба цврста женска фигура.
Самата горфица веќе имала свои деца, кои ги фаворизирала, а на сметка на тоа ги понижувала децата на сопругот. Таа од новиот маж на подарок добила скапоцено огледало, кое и денеска може да се види во музејот Шпесарт.
Според кустосите во музејот, токму ова огледало било инспирација за браќата Грим да ја напишат бајката. Секако, голем дел го измислиле, бидејќи реалната маќеа всушност никогаш не нарачала убиство на ќерката на сопругот. Инспирацијата за седумте џуџиња била поради рударите од околината, кои биле ниски за да можат лесно да влегуваат во окната.
Она што е вистина е дека Марија Софија изела некое овошје кое било отровно, а отровот делувал неколку часа како анестетик. Нејзиното семејство мислело дека е мртва, но потоа таа се разбудила, па оттука доаѓа и инспирацијата за отровното јаболко кое Снежана го јаде, а ѝ е подметнато од маќеата.


