СЗО со загрижувачка прогноза: Оваа година пандемијата може да биде потешка од претходната

СЗО/ Фото: : EPA-EFE/ MARTIAL TREZZINI

Втората година од пандемијата на Ковид-19 може да биде потешка од првата, со оглед на брзината на ширење на коронавирусот, особено во северната хемисфера каде што циркулира нов заразен вид, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

– Влегуваме во втората година од пандемијата, што може да биде потешка кога ќе видиме колку брзо се шири ковидот, рече претставникот на СЗО, Мајк Рајан.

СЗО, во најновиот извештај, наведува дека минатата недела се регистрирани околу пет милиони нови случаи на коронавирус.

– По празниците, во некои земји ситуацијата ќе биде многу полоша отколку што ќе се подобри, рече Марија ван Керхове, технички директор на СЗО за Ковид-19.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот