СЗО прогласи епидемија на ебола во Конго и Уганда
Светската здравствена организација (СЗО) денес прогласи епидемија на ебола во Демократска Република Конго и Уганда и „јавноздравствена вонредна состојба од меѓународен интерес“.
Препорачано
СЗО соопшти дека епидемијата, предизвикана од вирусот Бундибугио, не ги исполнува критериумите за пандемиска вонредна состојба, објави Ројтерс.
Во соопштението на СЗО се вели дека до саботата, во покраината Итури во ДР Конго се пријавени 80 сомнителни смртни случаи, осум лабораториски потврдени случаи и 246 сомнителни случаи.
Министерството за здравство на ДР Конго во петокот објави дека 80 лица починале во новата епидемија. Во главниот град на Уганда, Кампала, во петокот и саботата беа пријавени два очигледно неповрзани лабораториски потврдени случаи, вклучувајќи еден смртен случај, кај луѓе кои патувале од ДР Конго, соопшти СЗО.
Епидемија на ебола го погоди Конго — 65 луѓе го загубија животот, 246 случаи се сомнителни
Лабораториски потврден случај е пријавен и во главниот град на ДР Конго, Киншаса, од лице кое се вратило од Итури, според СЗО, а го објави Танјуг.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
5час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


