СЗО предупредува: Во Абу Даби се појави смртоносен коронавирус МЕРС

Фото: Waldemar Thaut / Panthermedia / Profimedia

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека 28-годишен маж од Абу Даби е позитивен на МЕРС-КоВ (MERS-CoV). Иако биле тестирани 108 лица кои биле во контакт со него, ниту еден од нив не бил позитивен, но СЗО повикува на претпазливост.

МЕРС-КоВ (MERS-CoV) е тип на коронавирус кој беше идентификуван на Блискиот Исток во 2012 година, кога премина од лилјаци на луѓето преку камили, пишува „Саенс алерт“ (ScienceAlert).

Здравствените служби на Обединетите Арапски Емирати ја информирале СЗО на 10 јули, 17 дена по инфекцијата.

„Досега не е евидентиран спореден случај. Заразениот маж неодамна не патувал надвор од ОАЕ и нема историја на директен контакт со камили, кои се најчестиот носител на инфекцијата МЕРС. СЗО продолжува да ја прати епидемиолошката состојба и да врши проценки на ризик во однос на најновите информации“, се наведува во соопштението на СЗО .

МЕРС-КоВ (блискоисточна респираторна вирусна инфекција) првпат се појави во Саудиска Арабија во 2012 година. Од тогаш до 2020 година, таа е потврдена кај 2.506 луѓе, од кои 862 починале. Процесот на инкубација трае во просек 5 дена, по што пациентите развиваат пневмонија, а симптомите вклучуваат висока температура, болки во мускулите, малаксаност, кашлица, дијареа, отежнато дишење… Во моментов нема одобрена вакцина, ниту пак има препораки за специфичен антивирусен третман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот