Високиот претставник на Светската здравствена организација (СЗО) за итни случаи, Мајк Рајан денеска порача дека т.н. „вакцина пасоши“ не треба да се воведуваат од повеќе причини, вклучувајќи го и фактот дека вакцините против коронавирусот не се подеднакво достапни на сите во светот.
На прес-конференција тој рече дека здравствената агенција на Обединетите нации (ОН) не препорачува употреба на сертификати за вакцини како услов за патување што ги бараат поедини земји, како и дека треба да се разгледаат реалните и етичките причини.
– Вакцинацијата едноставно не е достапна на целиот свет и сигурно не е достапја на правна основа, рече Рајан.
Светската здравствена организација претходно наведе дека сè уште не е познато колку трае имунитетот по примање на одобрените вакцини против ковид-19 и дека такви податоци сè уште се собираат.
Рајан нагласи дека воведување на „вакцина пасоши“ би било неправедно кон луѓето кои од одредени причини не можат да се вакцинираат и дека на тој начин во системот би се воведе „нееднаквост и неправичност“.