СЗО ја одобри вакцина на „Џонсон&Џонсон“ за итна употреба

Фото: politico.com

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја одобри анти-ковид вакцината на „Џонсон&Џонсон“ за итна употреба.

– СЗО ја вклучи вакцината против ковид-19, Ad26.COV2.S развиена од „Џонсон&Џонсон“, во списокот на препарати за итни случаи во сите земји и за Меѓународен механизам за пристап до вакцини, се наведува во соопштението од оваа организација.

СЗО потсети дека оваа вакцина вчера беше одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Досега, списокот на СЗО со вакцини што се препорачани за употреба против ковид-19, ја вклучуваше само вакцина Комирни, развиена од „Фајзер“ и „БајонТек“, како и две варијанти на вакцини од британско-шведската компанија „АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд.

– Секоја нова, безбедна и ефикасна алатка против ковид-19 е уште еден чекор поблизу до контролата на пандемијата, наведе шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот