Светски ден на предвремено родените деца: „Бекутан сензитив“ ја чува, штити и негува кожата на прематурните бебиња

Прим. д-р Марина Поп Лазарова/ Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ Алкалоид АД Скопје

Светскиот ден на предвремено родените бебиња се одбележува денеска, 17 ноември, под мотото „Кожа на кожа“, која, како најголем човечки орган, е особено значајна за бебето. Предвреме родените дечиња заслужуваат посебно внимание од страна на целото наше општество.

Здружението на Неонатолози и Алкалоид АД Скопје, по повод Светскиот ден на предвремено родените деца, организираа стручен собир, каде беа соопштени и резултатите од клиничкото истражување за линијата „Бекутан сензитив“ (Becutan Sensitive), спроведено во нашата земја, кај 300 деца, во соработка со четири болници.

На Клиниката за гинекологија и акушерство Скопје, првото најмладо преживеано недоносено бебе е родено за време на 23-та гестациска недела. Во светот во 2021 година веќе е родено и живее без последици бебето родено во 19-та гестациска недела. За жал, се зголемува бројот на предвреме родени деца, но се зголемува и бројот на преживеаните, изјави проф. д-р Силвана Наунова Тимовска, претседателка на Здружението на неонатолози, која е вработена на Клиниката за детски болести, на одделот на интензивна нега.

Благодарение на големиот технолошки напредок и соработката на гинеколозите, акушерките и педијатрите – неонатолози, процентот на преживеани предвремено родени бебиња значително се зголемил во последниве години, рече проф. д-р Наунова Тимовска, која истакна дека Америка и Австралија предничат во преживување на предвремено родените деца, па таму најмалото преживеано дете кое е родено во 2021 година и кое живее нормално без некои поголеми последици, е родено во 19-тата гестациска недела.

– Ние пак, можеме да се пофалиме со тоа дека кај нас, првото најмало преживеано недоносено бебе е родено во 23-тата гестациска недела – рече проф. д-р Наунова Тимовска.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ Алкалоид АД Скопје

На прашањето на што се должи зголемениот број на предвремено родени деца, особено на екстремно прематурните, д-р Наунова Тимовска посочи дека причините се многубројни. Од една страна е поместување на старосната граница на раѓање, но влијание има и самиот стил на живот.

– Секаде во светот постои тренд на зголемување на бројот на предвремено родени бебиња, како што има и тренд на намалување на самиот наталитет. Постојат многу големи причини за тоа. Од една страна е поместувањето на самата старосна граница на раѓање. Сè повеќе жени се одлучуваат да станат мајки по 36-тата година, но причина може да биде и раната бременост, адолесцентната бременост, девојки кои стануваат мајки пред да наполнат 18 години. Од друга страна, самиот стил на живот – стресот, разните навики, вештачкото оплодување… Сите тие причини се многубројни. Меѓутоа, од една страна се зголемува и стапката на преживување, што многу нè радува. Денес медицината оди напред, има многу можности и нови технологии и методи кои може да помогнат во преживувањето на самите деца. Меѓутоа, не е важно само да се преживее, важно е и каков квалитет ќе има нивниот живот, без или со минимални последици – информираше д-р Наунова Тимовска.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/ Алкалоид АД Скопје

Прим. д-р Марина Поп-Лазарова, педијатар, пак, истакна дека е од голема важност обезбедувањето веднаш и постојано „контакт кожа со кожа за секое новородено и насекаде“.

Кожата како најголем орган на човечкиот организам, кај новороденото дете има повеќе функции, од заштитна, па одржување на соодветен баланс на течности и електролити, одржување на една температурна стабилност, како и сензорен орган во кој се сите рецептори за болка, притисок и за допир, па затоа треба многу да ја заштитуваме и негуваме. Во тој контекст Поп-Лазарова ги соопшти резултатите од шестмесечната клиничка студија во која биле опфатени 300 новородени деца, од кои 85 отсто биле доносени, а 15 отсто, недоносени.

– Кожата на новородено бебе во центар, како една од најголемите органи на организмот, особено е значајно во периодот на овој неонатален развој и раст на децата од првиот ден од животот. Кожата на новороденото дете има повеќе функции, почнувајќи од една заштитна функција, а тоа е одржување на соодветен баланс на течности на електролити, на една температурна стабилност. Овие деца се многу сензитивни во однос на температурните промени, и затоа ги третираме на термо неутрална зона. Во тој контекст, имаме одлична соработка со „Бекутан“ – рече д-р Поп-Лазарова.

– Со користење на препаратите од колекцијата „Бекутан сензитив“ на „Алкалоид“, во оваа студија се покажа дека препаратите од истата се одличен соработник за чување, нега и заштита на новороденечката кожа, вклучително и вулнерабилната кожа кај предвремено родените деца. Претходно, оваа колекција е тестирана во релевантна лабораторија во ЕУ, а ние само продолживме со ова клиничко испитување тие шест месеци и сумираните резултати и нашите клинички искуства кои ги имавме во тие пет институции каде што се спроведуваше, покажаа дека „Бекутан сензитив“ е безбедно и корисно средство за заштита на кожата кај новородените, вклучително и кај предвремено родените – додаде д-р Поп-Лазарова.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот