Светската премиера на новото филмско остварување на Висар Морина ќе се одржи на „Санденс“
Долгометражниот игран филм „Срам и пари“ (Shame and Money) на режисерот Висар Морина е избран во Официјалната селекција на „Санденс филм фестивал“, во категоријата „Светска драмска компетиција“ (World Dramatic Competition). Светската премиера на филмот ќе се одржи на 25 јануари 2026 година.
Препорачано
Филмот е копродукција на филмски компании од Германија, Косово, Словенија, Македонија („Лист продукција“) и Албанија. Сценариото и режијата се на Висар Морина, косценаристи се Дорунтина Башa и Марија Димитрова, која воедно е и продуцент од Македонија.
Реализацијата на филмот е поддржана од Комесаријатот за култура и медиуми (Германија), Косовскиот кинематографски центар, „Еуримаж“ – Совет на Европа, Германскиот федерален филмски фонд, Film – und Medienstiftung NRW, Словенечкиот филмски центар, Националниот центар за кинематографија на Албанија, Агенцијата за филм на Северна Македонија, како и преку белгиската програма „Tax Shelter“. Фестивалот „Санденс“ ќе се одржи од 22 јануари до 1 февруари 2026 година во Парк Сити и Солт Лејк Сити (САД).


