Светот повторно во паника: По британскиот и јужноафриканскиот се појави и бразилски мутиран коронавирус

По откривањето на новата „бразилска“ мутација на коронавирусот Британија воведува забрана за влез на од 15 земји од Јужна Америка и Португалија.

Поради стравувања вакцините против ковид-19 ќе бидат помалку ефикасни на оваа верзија на мутираниот на посетителите од Аргентина, Бразил, Боливија, Зелено’ртските Острови, Чиле, Колумбија, Еквадор, Француска Гвајана, Гвајана, Панама, Парагвај, Перу, Суринам, Уругвај и Венецуела ќе им биде забрането да патуваат во Велика Британија од утре од 4 часот наутро.

Француски професор ја загрижи јавноста ширум светот: Вакцините можеби не се доволно ефикасни против јужноафриканскиот мутиран коронавирус

Како што пренесуваат лондонските медиуми и премиерот Борис Џонсон е сериозно загрижен.

Британската Влада објави дека донесува „итна одлука“ да ги забрани летовите од утре.

Секретарот за транспорт Грант Шапс исто така рече дека патувањето од Португалија ќе биде прекинато.

Забраната за летови не ги вклучува товарните летови. Исто така, британски и ирски државјани, сè уште можат да влезат на островот, но мораат да се самоизолираат 10 дена по пристигнувањето заедно со нивното семејство.

И на превозниците ќе им биде дозволено да патуваат од Португалија за да дозволат превоз на основна стока.

Бразилската мутација за прв пат е откриена кај четири лица кои патувале од Бразил во Токио на почетокот на овој месец и е последната мутирана форма на коронавирус што се појавила за време на пандемијата.

Јапонски научници ја проучуваат ефикасноста на вакцините Ковид-19 против варијантата која дели сличности со многу заразни варијанти идентификувани во Велика Британија и Јужна Африка, кои предизвикаа огромен пораст на случаи низ двете нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот