Сведоштво на единствениот преживеан од украинскиот авион: Беше како на компјутерска игра (ФОТО)

Единствениот кадет кој го преживеа падот на украинскиот воено-транспортен авион кај Харков опиша што се случувало со авионот, наведувајќи дека се било како во компјутерска игра.

– Тој не се сеќава на ништо. Во еден момент изгубил свест, а кога се повратил, се извлекол од остатоците на авионот и почнал да го гаси пламенот на еден од своите колеги, рече шефот за администрација во Харков, Алексеј Кучер.

Вјачеслав Золочевски (20) е единствениот преживеан од паднатиот украински авион Антонов-26 Фото: AFP / AFP / Profimedia

Тој рече дека кадето не скокнал од авионот за да се спаси, како што првобитно се мислело.

Преживеаниот кадет во болница го посети и претседателот на Украина Владимир Зеленски, кој вчера го обиколи и местото на несреќата.

Украинскиот претседател го посети местото на несреќата/ 26 септември 2020/ Фото: Ukrinform / Avalon Editorial / Profimedia

Воено- транспортниот авион Ан-26 се урна во петокот вечер во близина на градот Чугуев во Харковската област во текот на тренинг лет. Во авионот биле 27 лица – седум членови на екипажот и 20 кадети. Загинаа 26 од нив.

Прочитајте и...  Бугарија и САД потпишаа декларација за 5Г мрежите и нуклеарната енергија
Пилотите не умираа… колегите од воздухопловната академија во Харков им оддаваат почит на загинатите колеги Фото: SERGEY BOBOK / AFP / Profimedia

Двајца кадети успеале да се извлечат од авионот, но едниот од нив подоцна почина во болница.

Моментот на ужасот: Се појави снимка од падот на украинскиот авион (ВИДЕО)

 

Поврзани вести

Дачиќ: Немам желба за извршна власт

Слободен печат

Во Египет денеска и утре се гласа за половина од пратениците

Слободен печат

ЕУ одговори на барањето на Чешка, испрати 150 респиратори

Слободен печат

Индија: Повеќе од 53.000 заразени за еден ден

Слободен печат

Почина Амди Бајрам

Слободен печат

Во градинка во Неготино во изолација две вработени и 13 деца

Слободен печат

Остави Коментар