Моментот на ужасот: Се појави снимка од падот на украинскиот авион (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/SERGEY KOZLOV

На социјалните мрежи се појави снимката од страшниот пад на авионот АН-26 во кој се наоѓаа 28 луѓе, а кој вчера се сруши во Украина.

Две лица без падобран скокнаа од авионот кога се сруши, а трагедијата се случи на одалеченост од речиси два километри од воениот аеродром.

Со авионот управувал искусен пилот од 2-ра класа со 700 часа летање. Започната е истрага за падот на авионот, а се разгледуваат неколку причини за оваа катастрофа – грешка на персоналот, техничка грешка, проблеми со одржување на авионот и неправилно извршување на должноста од одговорните за контрола на летот, пишува Дејли мејл.

Бројот на починати во падот на украинскиот авион на североистокот во земјата, порасна на 26 лица, откако почина еден од кадетите кои ја преживеаа несреќата.

Бројот на загинати во украинскиот авион се искачи на 25, двајца се борат за живот (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот