Сведокот Јанковска за Боки 13: И јас сум имала корист од него

Бизнисменот и екс градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ, Дејан Панделески и сопругот на пратеничката Фросина Ременски нема да сведочат во судскиот процес за „Рекет“.

Судијката Васка Николовска-Масевска денеска соопшти дека адвокатот на Бојан Јовановски, Сашко Дукоски поднел известување до судот дека ги повлекува овие три лица од листата на сведоци.

– Бојан Јовановски го знам од многу одамна пред повеќе од 15 години кога дојде да побара спонзорство за неговата прва манифестација. Искрено и јас сум имала корист од него. Луѓето кој ја следат неговата мода, посебно што наочари носи, доаѓале кај мене во дуќан и купувале ист модел, изјави сведокот Марија Јанковска која денеска сведочеше во случајот “Рекет.

Таа е сопственичка на оптичарки дуќан во Скопје.

– Заедно сме патувале со Бојан во Грција, Италија или Франција. Тој имал контакти со лица од модниот свет. Тие креатори се случувало на познати личности како Бојан да им дадат и облека која ќе биде актуелна во сезоната. Тоа сум го видела – изјави сведокот Јанковска.

Во „Рекет“ првообвинет е Бојан Јовановски за кривично дело примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а второобвинетата Катица Јанева за злоупотреба на службената положба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот