Сватови од Нови Пазар со палестинско знаме тргнале по невестата во Косово, еден од нив е приведен на граница

Палестина , палестинско знаме / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Од свадба во полиција. Колона од возила тргна од Нови Пазар преку преминот Брњак за да ја земе невестата од Косово. Сватовите на граничниот премин развиориле палестински знамиња, по што интервенирала косовската полиција.

Како што може да се види на видеото објавено на социјалните мрежи, од неколку украсени автомобили со новопазарски регистарски таблички се вееја палестински знамиња.

Според приштинските медиуми, конвојот тргнал кон градот Пеќ да ја земе невестата.

Портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ за „Коха“ изјавил дека знамето е одземено, а едно  лице било приведено, го сослушале во полиција па подоцна го пуштиле.

Приведениот сват како што изјавил портпаролот, кажала дека палестинското знаме било развиорено по грешка, бидејќи сватовите го помешала со знамето на Санџак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот