Супер трик како да го исчистите душекот – Слободен печат
Некатегоризирано

Супер трик како да го исчистите душекот

Ако сакате да ги неутрализирате непријатните мириси и да ги отстраните дамките, овој раствор ќе ви помогне.

Состојки:

250 мл хидроген (3%)

3 големи лажици сода бикарбона

1-2 капки течен сапун или средство за миење садови

Постапка:

Помешајте ги хидрогенот и содата, а кога ќе добиете изедначена смеса, додадете 1-2 капки течен сапун или средство за миење садови. Добро промешајте и ставете го во шише со распрскувач.

Испрскајте на душекот, ќе се појави пена. Причекајте површината да се исуши, па исчеткајте со сува четка или со правосмукалка.

Ако сакате само да го освежите душекот, само попрскајте сода бикарбона врз него. Оставете да постои неколку минути, па поминете го душекот со правосмукалка.

Пожолтените перници ќе ги избелите ако ги ставите во машината за перење и и додадете една шолја прашак за перење, 1 шолја средство за миење садови, 1 шолја избелувач.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close