Судот одлучи: Ал Пачино ќе ѝ плаќа вртоглава сума за алиментација на 54 години помладата девојка

Фото: BlayzenPhotos / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Актерот Ал Пачино ќе мора да ѝ плаќа на својата 54 години помлада девојка Нур Алфалах повеќе од 30.000 долари месечно за алиментација, според документите до кои дојде „Пејџ сикс“.

Судот во Лос Анџелес, исто така, му нареди на славниот актер да ѝ плати однапред 110.000 долари на Нур пред да продолжи со месечните исплати, како и 13.000 долари за ноќна медицинска сестра и да ги плати сите медицински сметки кои не се покриени со здравственото осигурување.

И не само тоа, на Пачино му беше наредено да плаќа 15.000 долари годишно во фондот за образование на неговиот најмлад син Роман. Судијата, исто така, пресуди дека Алфалах и Пачино ќе имаат заедничко правно старателство, додека продуцентката ќе има примарно физичко старателство.

Двојката првпат беше романтично поврзана во април 2022 година, но подоцна беше откриено дека тие биле во врска од пандемијата на Ковид-19.

Таа главно излегуваше со многу богати постари мажи, одредено време беше со Мик Џегер, а потоа се забавуваше со Николас Бергруен.

Иако во јавноста излезе информацијата дека актерот и продуцентката раскинале само 3 месеци по раѓањето на синот, тие сè уште одлично се сложуваат.

Во мај 2023 година, беше откриено дека Нур е бремена во осмиот месец. Ова е нејзино прво дете, а четврто  на актерот. И покрај тоа што сè уште се двојка, таа поднесе барање за старателство над нивниот син во септември. Сепак, не се познати причините зошто го направила тоа.

Пачино, кој ја има ќерката Џули (34) со Јан Тарант и близнаците Оливија и Антон (22) со актерката Беверли Д’Анџело, го нарече новороденчето „многу посебно“ чудо.

ФОТО | Ал Пачино ужива во љубовта со 54 години помладата партнерка

ФОТО | Ал Пачино и неговата 54 помлада девојка видени повторно заедно, откако таа поднесе барање за старателство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот