Судот на ЕУ му го одзеде европратеничкиот имунитет на Пуџдемон

Европскиот суд на правдата му го одзеде имунитетот на поранешниот каталонски премиер Карлес Пучдемонт како европратеник, објави весникот  „Ла Вангуардија”.

Во март годинава, Европскиот парламент им го укина пратеничкиот имунитет на поранешниот лидер на Каталонија и на уште двајца каталонски политичари, но на почетокот на јуни, потпретседателот на Судот на ЕУ ја суспендираше времено таквата одлука.

Пучдемон беше премиер на Каталонија во периодот кога се спроведе референдумот за независност на автономниот регион во 2017 година. Тој подоцна избега во Белгија. За време на изборите за Европарламент во 2019 година, Пучдемон беше избран за европратеник, но властите во Шпанија побараа од ЕП да му го одземе имунитетот, бидејќи е распишана потерница за негово апсење.

Судските власти во Шпанија бараат Пучдемон да биде екстрадиран и да му се суди за поттикнување немири и проневера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот