Судот на ЕУ донесе важна одлука за клеветите објавени на Фејсбук

Фото: Профимедиа

На социјалните мрежи како Фејсбук може да им се нареди построго да се постават кон отстранувањето на клеветите содржини, одлучи највисокиот суд на Европската Унија, во случајот на една австриска политичарка.

Фејсбук ја критикуваше оваа одлука, велејќи дека отвора „критични прашања“ во врска со слободата на изразување.

Ева Главишинг-Пишчек, поранешната шефица на австриските Зелени, побара во 2016 година од Фејсбук да ги отстрани клеветите кои за неа ги објави еден корисник, заедно со текст во кој пишува дека Зелените поддржуваат воведување на минимална плата за мигранти.

Фејсбук тоа го направи откако политичарката се жалеше на суд и ги блокираше содржини во Австрија, но таа потоа побара барањето да важи за зелиот свет, како и за сите слични клевети објавени за неа.

Австрискиот Врховен суд потоа му се обрати на Европскиот суд за правда (ЕСП) во Луксембург да му помогне да ги протолкува европските закони за интернет.

„Ова е историска победа“

Судиите во ЕСП одлучија дека на Фејсбук може да му се нареди да открие и да ги отстрани сите објави на корисниците кои се доволно слични на оригиналната, за да не треба поединечно да се проценуваат.

Националните судови и понатаму може да одлучуваат дали оваа обврска ќе се прошири и ќе важи за целиот свет, пишува во образложението на одлуката.

Австралиската политичарка ја пофали пресудата и ја опиша како пресвртница која ќе им користи на сите кои се клеветени на интернет.

– Ова е историска одлука која ги штити личните права на Фејсбук – рече Австријката Главишинг-Пишчек.

Фејсбук од друга стана ја критикуваше одлуката, велејќи дека не е во согласност со начелото со кое една држава не може да ги наметнува своите закони за слобода на изразување на друга држава.

Случајот сега се враќа во австрискиот Врховен суд, кој со оглед на одлуката на ЕСП, треба да донесе конечна пресуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот