Судот ја повика докторката да ја образложи здравствената состојба на Тони Трајковски

Од Судот информираат дека е повикана докторката – професор од овластената клиника која на обвинетиот Тони Трајковски му издала медицинска документација дека истиот има здравствени проблеми и неможе да ја следи расправата.

Судот ја повика на следното рочиште за „ТНТ“ докторката која на обвинетиот Тони Трајковски му издала медицинска документација за јавно да ја образложи здравствената состојба на обвинетиот и причините за неговата спреченост да присуствува на судењето.

Од Судот информираат дека е повикана докторката – професор од овластената клиника која на обвинетиот Тони Трајковски му издала медицинска документација дека истиот има здравствени проблеми и неможе да ја следи расправата.

Со цел утврдување на фактичката состојба, доследно почитување на правата на странките во постапката, како и јавниот интерес за предметот, судот ќе и овозможи на докторката јавно да ја образложи здравствената состојба на обвинетиот и причините за неговата спреченост да присуствува на судењето, за што веќе има издадено соодветна докуемнтација, се вели во соопштението од Судот.

Прочитајте и...  Тетово: Од нелегални продавачи одземени 489 килограми тутун и 415 кутии цигари

Судот го прифати барањето на одбраната за одложување на вчерашното рочиште за предметот „ТНТ“, откако беше доставена лекарска документација дека обвинетиот Трајковски е под терапија и не е во состојба да учествува на судските рочишта.

Адвокатот на обвинетиот Тони Трајковски, Јовица Страшевски по завршувањето на вчерашното рочиште, на прашање зошто не може Трајковски да доаѓа на судења, рече дека има последици по здравјето од самото претепување.

– Има дијагноза од докторите, што не би сакал да ја коментирам, не е благодарно. Препорачуваат мирување и дека не може да учествува на судење 15 дена – изјави Страшевски.

Предметот за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

Прочитајте и...  Девојче од Косово пријавено за исчезнато во Скопје

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Прочитај повеќе

Девојче од Косово пријавено за исчезнато во Скопје

Слободен печат

Поднесено обвинение за точење алкохолни пијалоци на дете

МИА Агенција

Тетово: Од нелегални продавачи одземени 489 килограми тутун и 415 кутии цигари

МИА Агенција

Криумчари на мигранти се осудени и протерани од државата откако ја признаа вината

Слободен печат

Турска државјанка во притвор за обид за убиство во Гостивар

Слободен печат

Турски државјанин пронајден прободен со нож на излез од Гостивар, приведена девојка за обид за убиство

Слободен печат

Остави Коментар

четиринаесет + 1 =

Прочитај повеќе

ВО ТЕК ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО САРАЈ: Полицијата заплени 1,3 тони кокаин

Слободен печат

Тетовец со години ја земал пензијата од својата почината мајка, не знаел дека треба да пријави смрт

Слободен печат

Пронајдени пет мигранти во товарно возило, кривична пријава за возачот

Слободен печат

Обљубено 15-годишно девојче во Скопје

Слободен печат

Кривична за охриѓанец за поседување амфетамин, МДМА и марихуана

Слободен печат

Обвинителен акт за неготинец за разбојништво

МИА Агенција