Судир во Франција меѓу проерменски активисти и поддржувачи на Турција

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Конфликтот од Нагорни Карабах меѓу Азербејџан и Ерменија се проширува на некој начин и на француската територија. Бројната ерменска заедница во Франција на неколку пати организираше блокади на автопатите, но последната направена утрово на автопатот А7 во двата правци во Виен (Изер) доведе до судир меѓу проеременски и протурските активисти.

Според локални медиуми, повреден е 23-годишен маж кој бил евакуиран во релативно вонредна состојба во болницата во Виен, според радиото „Франс Бле Изер“. Регионалниот дневен весник „Дофине либере“ известува за четворица повредени.

Сепак, состојбата во сообраќајот се врати во нормала по заминување на демонстрантите.

Демонстрант, претставувајќи се како Артур, претходно објасни дека овој митинг е мотивиран од стравот дека во Ерменија се случува „втор геноцид”. Тој го проценил бројот на демонстранти на самото место помеѓу 300 и 400 лица.

– Ние сакаме да престане нападот. Ние сакаме мир. Ние сме три милиони во Ерменија и ние се бориме против три земји, Турција, Азербејџан и Сирија. Да не ги спомнувам Израелците кои ги обезбедуваат беспилотните летала што се користат за бомбардирање на ерменските позиции, истакна демонстрантот Артур, додека другите зад него скандираа „Признавање!”.

Ерменската заедница бара признавање на сепаратистичката енклава Нагорно Карабах (или Арачах), населена со Ерменци, но официјално дел од Азербејџан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот