Судијата Шабани до Димовски: Нема веќе одлагања, дури ни Свети Павле да те бара

Илија Димовски

Судијата Осман Шабани, револтиран поради ненајавеното отсуство на обвинетиот Илија Димовски од денешното рочиште за случајот „Талир“, јавно десет пати го опомена дека ова е последно што Судот толерира отсуство.

– Јавна опомена за Илија Димовски. Ваква неодговорност нема да толерирам, никогаш во живот веќе да не се осмелил. Илија Димовски нека заборави за одлагање. Не НАТО, не ЕУ, не Св. Апостол Павле да го бара, во иднина нема, ова е неодговорно – рече судијата Шабани.

Димовски бил отсутен поради службени обврски, но отсуството не го најавил во судот.

Судијата нагласи дека со поднесок од 24 октомври од претседател на Собранието Талат Џафери, Димовски го известил судот дека не може да присуствува на рочиштето за „Титаник”.

На денешното рочиште требаше да почне образложувањето на предложените листи со докази.

Случајот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристевска.

Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18 февруари годинава. Во случајот обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања” и „перење пари”, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари”.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди, бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа  организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот