Суд во Хаг : Правдата ќе биде задоволена

Хашим Тачи во Хаг/ Фото EPA-EFE/JERRY LAMPEN

Претседателката на Специјалното обвинителство за Косово во Хаг, Екатерина Трендафилова изјави дека ќе обезбеди правдата да биде задоволена, додавајќи дека работата на Судот, одлуките и пресудите „ќе зборуваат сами за себе”.

Претседателката на Специјалното обвинителство за Косово во Хаг, Екатерина Трендафилова изјави дека ќе обезбеди правдата да биде задоволена, додавајќи дека работата на Судот, одлуките и пресудите „ќе зборуваат сами за себе”.

– Специјалните обвинителства функционираат без нечие влијание и мешање, политичко или какво било друго. Обвинителствата и нивните судии се независни, не постапуваат според ничии упатства и работат според законот. Тројцата раководители и сите судии дадоа свечена изјава дека својата должност ќе ја извршуваат независно и непристрасно. Секое кршење на таа обврска ќе подлежи на релевантни дисциплински механизми, истакна Трендафилова во интервју за „Политика”.

Во притворот во Шевенинген се наоѓаат седуммина команданти и ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВК), меѓу кои е и Хашим Тачи.

– Постојат обиди да се поткопа легитимитетот на Судот во Хаг, но тоа не е ништо ново и секогаш ќе постои. Нема да влегуваме во никакви политички дебати, туку ќе се сконцентрираме само на она што му е мандат на Специјалното обвинителство за Косово, а тоа е да обезбедиме правдата да биде задоволена, нагласи таа.

Претседателката на Специјалното обвинителство за Косово додаде дека Судот настојува јавноста да биде информирана точно, навремено и на транспарентен начин.

Запрашана да го коментира ставот во јавноста дека на работата на Судот влијаат меѓународни интереси и налози, пред се на САД, како и дека обвиненијата се дел од идниот компромис во врска со српското признавање на Косово, Трендафилова одговори дека „Специјалното обвинителство за Косово е судска установа, а не политичка институција. Не постапуваме според ничии упатства”.

– Тоа е суд кој е основан согласно договорот кој го ратификуваше косовскиот Парламент и се фокусира исклучиво на водење безбедни, правични, непристрасни и независни судски постапки. Мандатот на Специјалното обвинителство е да обезбеди да се изведат одговорните лице пред правдата, а правдата да биде задоволена согласно највисоките стандарди, по темелни анализи поткрепени со докази. Прашањето за признавање на Косово и односите меѓу Косово и Србија, не спаѓа во мандатот на овој суд, изјави Трендафилова.

Таа, исто така, истакна дека безбедноста на жртвите и сведоците е од најголемо значење, додавајќи дека постои специјална служба чија задача е да им овозможи заштита и поддршка пред, во текот и по судскиот процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот