Фото: Sergiy Artsaba / Panthermedia / Profimedia

Суд на ЕУ: Истополовите бракови мора да бидат признаени во сите земји од Унијата

Секоја земја-членка на Европската Унија е должна да признае брак меѓу двајца граѓани од ист пол склучен во друга земја-членка, според пресудата на Судот на правдата на ЕУ објавена денес, пренесува Ројтерс.

Европскиот суд пресуди дека Полска погрешила што одбила да признае брак меѓу двајца полски државјани во Германија, врз основа на тоа што полскиот закон не дозволува истополови бракови.

Ова одбивање „е спротивно на правото на ЕУ“ бидејќи претставува пречка за слободата на засегнатите граѓани да се движат од една земја во друга, уживајќи ги своите права стекнати во рамките на Унијата.

„Тоа ја нарушува таа слобода, како и правото на почитување на приватниот и семејниот живот“, пресуди Судот на правдата на ЕУ.

„Затоа, земјите-членки се должни да го признаат, за целите на остварување на правата доделени со правото на ЕУ, семејниот статус законски стекнат во друга земја-членка“, се додава во пресудата.

Сепак, судот појаснува дека Полска не е обврзана да го вклучи истополовиот брак во своето национално законодавство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот